Нè закачија и малерите – Елмас се повреди, настапот против Ерменија е неизвесен

Еден од нашите најдобри играчи се пожалил на повреда на бутниот мускул.

Елиф Елмас веројатно нема да игра против Ерменија во среда во Никозија, а се пожали на повреда на бутниот мускул и можно е воопшто и да не патува за Кипар.

Играчот на Наполи ќе оди на дополнителни прегледи, на магнетна резонанца, по која доцна вечерва ќе се знае дали утре ќе патува за Кипар.

Македонија ќе биде драстично ослабена и без Пандев, Алиоски, Димитриевски и Адеми кои и денеска не играа против Естонија.

Денеска дополнително и Николов и Спировски добија жолти картони и немаат право на настап против Ерменците.

 

Треба да знаете
Последни објави