Шеесет и петгодишна скопјанка е тешко повредена при пад во автобус.
Според информациите од полицијата, автобусот нагло закочил откако возило му го попречило движењето на улицата Ѓорче Петров.
„При сопирањето во внатрешноста на автобусот паднала патничката В.Т.(65) од Скопје. В.Т. е пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од МВР.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.