Интегрален текст од изјава на Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош
„СДСМ во петокот на седница на Советот си изгласа Детален урбанистички план во Карпош 3. Ист таков план за кој што претходно правеше протести сцени и театри. Ние како опозиција планот не го поддржавме, бевме воздржани бидејќи сметаме дека тој ДУП воопшто не требаше ни да биде на дневен ред на седницата!
Чекавме ДУП за ова место овде, бидејќи пред само неколку месеци, на парламентарните избори крајно нечесно спрема граѓаните ги лажеа дека го ревидирале планот и ги избришале маркиците предвидени за згради. Дури делеа и флаери со фамозниот нов План. Сега Градоначалникот вели дека планот ЌЕ биде донесен, имало време, планерите го имале во опфат цело Влае. Планот, сеуште го нема во постапка за усвојување.
За иста идентична работа, за исто прашање, тука не можело а во Карпош 3 морала да се спроведе така. Зошто планот во Карпош3 е поважен и побитен од овој во Влае? Тука велат некогаш ЌЕ бришеме маркици за згради, а всушност таму си носат планови со маркици за градба на НОВИ згради.
Едно зборат и ветуваат пред избори, сосема друго прават и спроведуваат по изборите. Крајно нечесно и лицемерно. Би сакал да ја искористам и оваа прилика и повторно да се обратам и до советниците од СДСМ и да ги замолам, да се потсетат каков став имаа и колку гласни беа за истиот тој блок во Карпош 3. Да се потсетат како гласаа тогаш, како гласаат сега.
Да ги потсетам и СДСМ дека ветуваа ревизија на плановите!.
СДСМ нека престане со сеење магла како било претходно, во ‘60та или во 903та и нека ги спроведат ревизиите што ги ветуваа. Затоа, додека не се спроведат ветените ревизии, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде ПРОТИВ, за секој нов предлог план во кој ќе има вцртано макар и една нова зграда.