Како што соопшти Младинскиот културен центар, краткиот видеодокументарец на Јаневски „Астрокултура“, кој ќе биде дел од фестивалот, е за скопската музичка сцена и беше снимен во септември и октомври оваа година. Монтажата е на Милан Блажевски.
– На платформата „Извештаи од други континенти” луѓето ја раскажуваат својата приказна. Типично, „Le Guess Who?” би ги споделиле овие видови посебни светски музички традиции и културни случувања преку концерти и изведувачи, но бидејќи не беше можно оваа година, решиле да посегнат до неверојатната и обемна мрежа од уметници, музичари, креативци и нивни претставници со кои работеле низ годините за да најдат приказни од нивните локални заедници што треба да се споделат со светот. Викендов споделуваат извештаи од 20 различни локации, меѓу кои и Скопје, информира Младинскиот културен центар.