КОВИД 19 не е статистика. Секојдневно се држат пресконференции на броеви.
195 поЧинати за една недела, 1305 од поЧетокот на пандемијата во месец март. Но, КОВИД 19 не е статистика.
Ова се луѓе, со име и презиме. Нечии мајки,татковци, сестри, браќа, нечии деца.
Владата како да потпишала капитулација и по ова прашање, а здравствениот систем е во колапс. Филипче освен празни зборови нема конкретни решенија. А оваа битка не се добива со прес конференции, туку со мерки, протоколи и мобилизација на сиот квалитетен кадар. И додека се продава скап ПР со единствена цел ” да се избега од одговорност” во стил на ова владеење, јасно е господине премиер, ив ие господине Министер за Здравство, одговорноста е целосно ваша.
Зошто сите знаеме дека секаде во светот умираат луѓе од КОВИД, но сигурни сме дека оваа трагедија ќе беше многу помала да не беше и да не е вашето неспособно управување со кризата.
Овој настан вечерва е во знак на почит од жртвите од КОВИД луѓето кои ги загубивме, а можеше да се направи многу повеќе.
Тие не се тука поради неспособната влада и Венко Филипче кој мора да си даде оставка.
Неговата оставка не е прашање на политички чин туку прашање на нужност. Прашање на живот.