Драги млади, драги мои другарки и другари социјалдемократи,
Лично за мене, СДММ е симбол за другарство, заедништво, решителност и истрајност. СДММ е симбол и на енергичност, мотивираност и борбеност.
Пример за вистинските социјалдемократски вредности, важни за младите, но важни и за нашата држава.
Во изминатиот период откако ги предводиме Владата и институциите, но и претходно кога се боревме против режим, кога ја носевме слободата, токму СДММ одигра важна улога и даде силен придонес.
СДММ беше дел од промените, демократизацијата, но и дел од процесот на создавање и реализација на квалитетни младински политики.
Токму тоа е патот по кој нашата Младина треба да продолжи. Продолжете да верувате и да се борите за подобра иднина, за вас, за вашите врсници, за нашата татковина. Ние, повозрасните, како и досега ќе ве поддржуваме, ќе ве слушаме. Заедно ќе носиме нови промени, ќе носиме успеси на кои сите граѓани на нашата земја ќе бидат горди.
Заедно со вас остваривме важни успеси и дома и надвор, заедно со вас ќе се избориме со сите предизвици, мотивирајќи се од вашата храброст и енергија. Заедно со вас ќе продолжиме да работиме уште повеќе за да биде уште подобро за сите.
Има многу партиски подмладоци, но само една е Младина.
Вие сте нашата гордост и ве охрабрувам, продолжете по вистинскиот пат, уште повеќе и уште посилно. Затоа што младите можат.