Во Германија одложена одлуката за нови антиепидемиски мерки

Германскиот политички врв се согласи да се одложи до 25 ноември носењето на одлука за  дополнителни антиепидемиски мерки во земјата, изјави денеска канцеларката Ангела Меркел.

Таа истакна дека поголемиот број на сојузни држави не биле согласни за заострување на мерките пред крај на следната недела.

– Јас можев  да прифатам зголемување на рестриктивните мерки и денеска, но за таква одлука немаше потреба од мнозинство, истакна Меркел.

Треба да знаете
Последни објави