Дипломат на ЕУ: Доцна е да се договори сè со Лондон

До крајот на годината и истекот на преодниот рок нема да може да се договори сè и да се ратификува договорот со Велика Британија за брегзит, сметаат во Брисел.

„Крајниот рок за постигнување договор е веројатно до 31 декември, но веќе знаеме дека не е можно да се договориме за сè и да се добие ратификација во Европскиот парламент. Верувам дека е премногу доцна за тоа, сега треба да видиме што ќе се случи потоа”, рече висок дипломат на ЕУ.

Во Брисел нагласуваат дека интензивните преговори со Лондон се во тек и дека резултатите во форма на договор за идните односи сè уште се чекаат.

„Да видиме дали ќе се случи до крајот на оваа недела или кога и да е или дали воопшто ќе се случи“, заклучи дипломатот на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави