Дони Волберг на келнерка ѝ остави бакшиш од 2.000 долари

Американскиот актер Дони Волберг остави бакшиш од 2.020 американски долари на сметка во ресторан од 35.27 долари.

51-годишниот Волберг е редовен клиент во ресторан Маршленд во огругот Плимут, Масачусетс и секогаш бара да го послужи келнерката Дениз Ендрус.

Иако Дениз знае дека нејзиниот славен клиент секогаш ѝ остава добра напојница, таа била запрепастена од она што го видела минатата сабота.

Сопственикот на ресторанот, Марти Финч, за списанието „Пипл“ изјави: „Дони доаѓаше тука и претходно, и тој секогаш ја бараше Дениз.“

„Неговата нарачка е речиси иста: стек со аспарагус печен на скара, и неколку јајца на око. Таа знае што тој сака да јаде.“

“Кога заминуваше ѝ рече: Денис се е спремно. Парите се на маса. Таа вели дека актерот секогаш остава гомен бакшиш, но овојпат вилицата ѝ падна, во најмала рака, кога виде толку многу пари, ” рече сопственикот на ресторанот.

Треба да знаете
Последни објави