Мичиген и Вашингтон се последните американски држави кои воведоа построги мерки за да се обидат да го ограничат ширењето на коронавирусот на нивната територија.
Средните училишта и фактултетите мора да преминат на онлајн настава, а на рестораните во Мичиген од среда ќе им биде забрането да послужуваат храна во затворен простор, јави Би Би Си.
Забрана за послужување во затворен простор е воведена и за рестораните во државата Вашингтон, каде ќе затворат и спортските сали, театрите и музеите.
Во САД има над 11 милиони заразени, со тоа што дневната инциденца се зголемува за речиси 100.000.
Во просек, повеќе од 900 луѓе умираат од вирусот на дневна основа.
Администрацијата на Доналд Трамп им донесе оптимизам на Американците велејќи дека се надева дека ќе дистрибуира 20 милиони дози од одобрената вакцина во декември.
Претседателот Доналд Трамп повторно ја отфрли можноста САД да воведат „заклучување”, но многу држави воведуваат свои ограничувања бидејќи рапидното зголемување на случаите се заканува да ги преоптоварат нивните здравствени системи
Гувернерот на Мичиген, Гретчен Витмер изјави дека државата е „во бездната” и наскоро може да регистрира 1.000 смртни случаи поврзани со коронавирус неделно, доколку не се преземе ништо.
Ограничувањата, објавени во државата Вашингтон, стапуваат во сила од вечерва и ќе траат еден месец.