Објавена книгата „Раѓањето на мултипартизмот“ од Ѓорѓи Спасов

Деновиве, во издание на Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, во едицијата Логос, излезе од печат книгата „Раѓањето на мултипартизмот: страници од македонската политичка историја“ од д-р Ѓорѓи Спасов. Книгата ја следи појавата и развојот на мултипартизмот во македонските околности, создавањето и делувањето на политичките партии и обликувањето на демократскиот амбиент. Авторот ги анализира тешкотиите и нејаснотиите со кои се соочуваат политичките партии, трендот на политизирањето на политичката сфера, дефицитарноста на демократизмот внатре партиите, етничкиот момент во развојот на мултипартизмот и воопшто одликите на мулипартизмот кај нас од почетокот до најновите денови. Притоа, македонскиот мултипартизам, Спасов го разгледува и во пошироката бившојугословенска, европска и источноевропска слика и сите тие процеси во оваа студија добиваат научна експликација.

Во последниве три години, освен колумните со кои се појавува во медиумите и студијата за која станува збор овде, Спасов ги објави и книгите „Зад маската на патриотизмот: анатомија на еден авторитарен режим“ и „Политичкиот, предизвик на социјалдемократијата: македонски искуства“.

Треба да знаете
Последни објави