Повеќе од 1.200 мигранти пристигнале на Канарските острови изминатиов викенд

На шпанските Канарски острови изминатиов викенд пристигнале 1.275 мигранти од Африка, и тоа со 42 дрвени чамци, соопштија денеска локалните власти.

Бројот на мигранти кои патуваат со брод од Северна и Западна Африка до архипелагот во Атлантскиот Океан, оваа година нагло се зголеми. Од јануари, до островите пристигнале околу 17.000 мигранти.

Повеќето мигранти се донесени во пристанишниот град Аргуиневин, на островот Гран Канарија, за регистрација и тестирање на коронавирус.

Од пристаништето, луѓето се пренесуваат до засолништа за итни случаи и празни туристички објекти.

Треба да знаете
Последни објави