Со сведоење на поранешни актуелни пратеници продолжи судењето на организаторите на настаните од 27 април 2016 година. Јован Митрески, Петар Атанасов, Алија Камберовски и Фадил Зендели на денешното рочиште за потврдија дека тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски ја водел седницата согласно Деловникот и Уставот, објави Репубика.
Сите тие беа едногласни дека се потпишале на барањето седницата да продолжи следниот ден.
Фадил Зендели од Беса беше дециден дека потпишал барање седницата да продолжи следниот ден во петок. На прашање, пак, на адвокатот дали имал сознание дали Зекирија Ибраими ќе ја испее албанската химна тој рече не ниту пак во пратеничката група на Беса се говореле за такво нешто.
Зоран Заев на 27 ноември ќе се појави како сведок за настаните од 27 април“. Тој пред судот ќе треба да објасни за тоа што се случувало во Собранието во 2017 година. Тогаш Заев беше лидер на опозицијата која тврдеше дека има мнозинство во Собранието и сакаше да избере претседател на Собранието.
Покрај Заев, на 27-ми како сведок ќе се појави и шефот на кабинетот на Вељаноски, Сања Угриновска.
Обвинети во овој предмет освен Вељаноски, се и ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.