Уште еден проблем за Клоп, се повреди и капитенот Хендерсон

Јирген Клоп се соочува со големи проблеми од стартот на фудбалската сезона.

Џордан Хендерсон, капитенот на екипата излезе од игра на полувремето во натпреварот од Лигата на Нации против Белгија и ќе се чекаат дополнителни прегледи за да се утврди карактерот на повредата.

Англискиот селектор Герет Саудгејт повредата на Хендерсон ја опиша како истегнатост и напомена дека се работи за проблем со физичката спремност.

Освен Хендерсон повредени се и Робертсон кои ја повреди задната ложа против Србија во квалификациите за ЕП, а исто така поради повреда од претходно Клоп не може да смета на Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез. Не е спремен и Трент Александер Арнолд па Ливерпул во недела против Лестер ќе излезе без првотимците во одбраната.

На сите овие проблеми треба да се додаде и дека Мо Салах има коронавирус па биде во изолација за време на дуелот со „лисиците“, а од повреди уште се оправуваат Тијаго Алкантара и Алекс Окслејд-Чемберлејн.

Треба да знаете
Последни објави