Царовска: Распустот нема да почне порано, протоколите во училиштата се почитуваат

Нема причина зошто распустот да почне порано и да се крати од наставата, затоа што нема драстичен раст на бројките на позитивни наставници и ученици во училиштата, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска.

– За да може да зборуваме за поран распуст треба да имаме аргументи зошто тоа би го направиле, зошто дополнително би им скратиле настава на учениците, којашто во континуитет се одвива, без да има ескалација на заразени во училиштата. Под 1 процент од вкупниот број на наставници се позитивни а помалку од 0,06 проценти од учениците. Тоа укажува дека согласно планот по кој се одвива наставата од први октомври, наставата треба да продолжи, се додека состојбата не се промени драстично, посочи Царовска во денешното гостување на Телевизија 24.

Министерката рече дека нема голем раст на бројките на позитивни наставници на Ковид-19. Според последниот извештај бројката на активни случаи на наставници кои биле со физичко присуство на настава е 280. Царовска ги негираше тврдењата на СОНК дека во моментот има над 1.000 заразени наставници.

Треба да знаете
Последни објави