Познатиот српски актер Иван Бекјарев почина денес на 74 години од последици од коронавирусот.
Бекјарев, како што известуваат српските медиуми, со коронавирусот се заразил минатиот месец, а пред десетина дена неговата здравствена состојба значително се влошила.
Последните недели тој бил хоспитализиран на инфективната клиника во Белград.
Актерот дознал дека е позитивен на коронавирус додека снимал филм, по што веднаш го напуштил сетот.
Бекјарев својата прва улога ја одиграл во далечната 1967 година, а во својот живот има одиграно повеќе од 150 театарски улоги, а глумел и во повеќе од 50 филмови. Најпознатите серии кои беа доста актуални и кај нас, а во кои Иван Бекјарев беше дел од екипата се „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишани“, „Горки плодови“.