Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, обвини дека Албанија е последна на секое поле, додавајќи дека економијата е во криза, а здравството во колапс.
Тој оцени дека сето тоа е поради неспособноста на Владата да се справи со пандемијата со Ковид-19 и додава дека иако неговата партија пред повеќе од шест месеци предложила план со мерки за справување, Владата на премиерот Еди Рама не сакала ни да чуе да ги спроведе.
– Поминаа повеќе од шест месеци откако предложивме план на мерки за справување со пандемијата. За жал, Рама не го спроведе тоа. Денес, Албанија е последна на секое поле. Здравството е во колапс. Економија во криза. На Албанија и треба нова надеж. На земјата и треба влада која ќе се грижи за своите граѓани и ќе ја зајакне економијата,н аведува Баша.
Правејќи преглед како владите на другите земји ги помагаат семејствата, поради кризата предизвикана од пандемијата, Баша тврди дека Албанија е последна и на овој план во регионот.
-Рама ги напушти граѓаните. Албанија е последна во регионот и во врска со директната економска помош што ја добиле граѓаните од државата,обвини Баша.