Европската ракометна федерација (ЕХФ) не го гледа сè уште актуелниот ракометен првак Вардар меѓу десетте тимови кои сеознава можат да се борат за титулата во Лигата на шамнпионите. Покрај Вардар на таа листа не се најде и францускиот ПСЖ кој има лош почеток на сезоната.
На листата од ЕХФ се најде составот на Мотор, кој игра во групата Б, а после четири средби има само една победа и тоа му беше доволно да го сместата на последната 10. позиција од клубовите кои можата да атакуваат на трофејот. Пред него е францускиот Нант, осмото место и припаѓа на оваа листа ба екипата на Мешков Брест, пред нив е Порто, шестопалсиран е Алборг.
Прват петорка ја комплетира Флензбург, предного на 4. место е Кил, а третопласиран е полскиот Кејлце, следниот ривал на Вардар, кој в четврток ќе гостива во Скопје во меч од 7. коло во групата.
Унгарскиот Веспрем за кој настапува македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е вторрангиран, а шпанската Барселона со пет победи на пет натпреаври останува првиот фаворит за освојување на ЛШ.