Демократската гувернерка на Мичиген, Гретчен Витмер, денеска предупреди дека има криза во лидерството во Белата куќа, бидејќи има вртоглаво зголемување на случаите со коронавирус, а клучен советник на претседателот Доналд Трамп ги повика луѓето да се побунат против ограничувањата, јави ДПА.
-Ние сме во средината на најлошите недели од оваа пандемија, рече Витмер, која често пати беше напаѓана од администрацијата на Трамп. Таа додаде дека останува на државите да се справат со пандемијата, поради очигледниот недостаток на интерес во Вашингтон.
„Со вакуумот на лидерство во Вашингтон, ние гувернерите на државите треба да направиме се што можеме за да спасуваме животи”, рече Витмер за кабелскиот телевизиски канал Ем-СиЕн-Би-Си.
Белата куќа, се чини, се повлече од борбата против ширењето на коронавирусот. За само шест дена бројот на зазраени лица во САД скокнаа за еден милион, од 10 милиони регистрирани случаи на 11 милиони, додаде ДПА.
Трамп оваа година ги повика луѓето да го „ослободат” Мичиген, бидејќи Витмер воведе ограничувања за да се спречи ширењето на заразата. Пред извесно бвреме шест лица беа обвинети за заговор за киднапирање на гувернерката на Мичиген.
Скот Атлас, личниот советник на Трамп за коронавирусот, повторно да ги повика граѓаните на револт.
„Единствениот начин ова да запре е луѓето да се кренат. Го добивате она што го прифаќате”, напиша тој на Твитер, посочувајќи на новите ограничувања наметнати од Витмер, вклучително и забраната за јадење во затворените простории од рестораните и притисок многу училишта да преминат на онлајн настава.
Ентони Фаучи, долгогодишниот врвен американски експерт за инфективни заболувања, е критичен кон Атлас, отворено кажувајќи за Ен-Би-Си дека целосно не се согласува со ставот на Атлас, пренесе ДПА.