Илјадници гуми се запалени во англискиот град Брадфорд, поради што се затворени училиштата, а сообраќајот е прекинат.
Пожарот избувнал во 4.30 часот наутро и засега нема информации за евентуални жртви, јави Би-Би-Си.
Железничкиот сообраќај беше во прекин, а патиштата беа затворени.
Противпожарната служба во Западен Јоркшир соопшти дека околу 100 пожарникари се на терен и дека на луѓето кои живеат во близина им било кажано да ги затворат прозорците поради големата количина чад.