Уругвајскиот фудбалски интеранционалец Луис Суарез ќе го пропушти дербито во Шпанија против неговиот сегашен клуб Атлетико поранешен клуб Барселона. Првите луѓе на уругвајскиот фудбал ја информираа јавноста дека Луис Суарез е позитивен на коронавирус.
Покрај тоа што нема да му помогне на Атлетико Мадрид во дуелот против Барса, ќе го прескокне и дербито во јужноамериканските квалификациии против Бразил.
Познато е тоа дека каталонскиот клуб, поточно неговата управа не се раздели во пријателски односи, а Суарез веројатно имаше голема желба да им се одмазди на теренот.