Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ги посети градовите Физули и Џебриел, во кои контролата ја презеде азербејџанската армија по краткотрајниот воен конфликт со Ерменија. Двата града се наоѓаат во близина на борбената зона во Нагорно-Карабах.
„Претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев, и првата дама, Мехрибан Алиева, ги посетија Физулинскиот и Џебриелскиот регион, што се ослободени од окупацијата, вклучително и градовите Физули и Габриел”, соопшти прес-службата на Алиев.
Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никол Пашинијан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на непријателствата во Нагорно Карабах.
Според договорот, дел од регионот е ставен под контрола на Азербејџан, страните ќе разменуваат затвореници, а руските мировници ќе бидат распоредени долж линијата на контактот и долж Лачанскиот коридор, што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија.
Според руското Министерство за одбрана, рускиот мировен контингент во зоната на конфликт во Нагорно-Карабах ќе вклучува 1.960 војници, 90 оклопни транспортери, 380 парчиња автомобили и специјална опрема.