Пукање во Нов Белград, рекетари се обиделе да изнудат пари од работници во кафуле

Белградската полиција трага по двајца разбојници, кои рано утрово се обиделе да изнудат пари од едно лице во Нов Белград, соопшти за „Танјуг“ српското Министерство за внатрешни работи.

Како што информирале од таму, утрово, околу 7.15 часот, во улица во блокот А во Нов Белград, две лица побарале пари од човек, а при злосторството едниот од разбојниците испукал куршум од пиштол.

Во моментот полицијата трага по двајцата насилници.

Треба да знаете
Последни објави