Дебитантот во регионалната кошаркарската АБА 2, Работнички почна и заврши со пораз на првиот турнир кој се играше на Златибор. Меѓу двата порази, скопјани забележаа и две победи. На крајот од првиот сезонаски турнир во регионалното натпреварување најтрофејниот македонски тим беше поразен од српскиот Младост од Земун (89:73).
Работнички добро го започна натпреварот, со шут за три поени дојде до предност од 1-8 уште во воведните минути, меѓутоа во одбраната не најде решение под рекетот во кој доминираше Младост и постигна 20 од своите 24 поени во првата четвртина (24-19). Налетот на тимот од Земун продолжи и во вторите десет минути. Работнички не можеше да најде пристап до кошот на противникот, избраниците на Мираковски потфрлија и во шутот од далечина, а Младост беше немолосрден. Србите доминираа во скокот и во играта под обрачот па на полувреме заминаа со предност од 49-28.
Прв стрелец во „црвено-белиот“ состав беше Дамиер Питс со 25 поени и 8 асистенции, додека Девон Вашингтон додаде 16 поени и 9 скока.