Претседателот на Алијанса за Албанците (АА) Зиадин Села денес се сретна со новиот Амбасадор на ЕУ Давид Гер. Претседателот на АА, Села на средбата со Амбасадорот Гер разговарале за актуелните политички состојби посебно се осврнале на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.
Претседателот Села го информирал Амбасадор Гер за политичкиот став на Алијанса за Албанците дека правната држава е основен предуслов за почеток на преговори со ЕУ.
Почитување на човековите права, реформите во судството, демократизацијата на институциите и економските реформи се предуслов кој Република Северна Македонија треба да ги исполни час по скоро.
Претседателот Села на средбата со Амбасадор Гер се осврнал и на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија при што од Амбасадор Гер побарал поголем ангажман од ЕУ за да ги охрабрат страните да најдат брз и издржан консензус.
-Секое задоцнување во изнаоѓање на решение во однос на спорот со Бугарија значи задоцнување за граѓаните да ги уживаат политичките ,економските и сигурносните бенефити што ги пружа Европска Унија, рече Села на средбата со новиот Амбасадор на ЕУ Давид Гер.