Здравствениот систем во Европа и САД е исцрпен поради ширење на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.
– Многу сме загрижени од зголемениот број на случаи заразени со коронавирус во различни држави, особено во Европа и во САД. Вработените во здравствениот систем доаѓаат до степен на колапс, предупреди Гебрејесус.
Тој ги поздрави „охрабрувачките” вести за вакцините против Ковид-19, но сепак оцени дека „не е време за задоволство”.
– Тоа е опасен вирус, кој може да го нападне секој орган во телото. Земјите, кои му дозволуваат на вирусот да се шири неконтролирано, си играат со оган, нагласи генералниот директор на СЗО.