Успешно лансирана ракетата „Фалкон-9″ на „СпејсЕкс” со четворица астронаути

Ракетата „Фалкон-9″ и сондата „Кру Драгон” со тројца американски и еден јапонски астронаути успешно беше лансирана синоќа од космодромот Кејп Канаверал на Флорида, јави Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА).

Ракатата сондата е на приватната компанија „СпејсЕкс” чиј основач е Елон Маск. Четворицата космонаути беа превезени до Меѓународната вселенска станцица (МВС).

Повеќенаменскиот прв степен на ракетата се оддели и успешно се приземји на платфома во Тихиот Океан, истакнаа од НАСА. Одделувањето на вториот степен исто така беше успешно. Откако ја напушти земјината гравитација, вселенскиот брод се движеше со брзина од 27.000 километри на час.

Лансирањето на ракетата беше закажано за 14 ноември, но се одложи за 24 часа поради непогодни метереолеошки услови.

Во составот на екипажот се Американците Мајкл Хопкинс, Шенон Вокер и Виктор Гловер, како и Соичи Ногучи, космонаут на Јапонската агенција за аеронаутичко-вселенски истражувања. Гловер е првиот Афроамериканец, член на екипажот на МВС.

Престојот на четворицата астронаути на станицата ќе трае шест месеци.

Ова беше втора мисија на „Драгон кру” со човечки екипаж, а првата се случи во мај кога во велената беа испратени двајца космонаути.

Треба да знаете
Последни објави