Јирген Клоп се соочува со големи проблеми од стартот на фудбалската сезона.
Џордан Хендерсон, капитенот на екипата излезе од игра на полувремето во натпреварот од Лигата на Нации против Белгија и ќе се чекаат дополнителни прегледи за да се утврди карактерот на повредата.
Англискиот селектор Герет Саудгејт повредата на Хендерсон ја опиша како истегнатост и напомена дека се работи за проблем со физичката спремност.
Освен Хендерсон повредени се и Робертсон кои ја повреди задната ложа против Србија во квалификациите за ЕП, а исто така поради повреда од претходно Клоп не може да смета на Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез. Не е спремен и Трент Александер Арнолд па Ливерпул во недела против Лестер ќе излезе без првотимците во одбраната.
На сите овие проблеми треба да се додаде и дека Мо Салах има коронавирус па биде во изолација за време на дуелот со „лисиците“, а од повреди уште се оправуваат Тијаго Алкантара и Алекс Окслејд-Чемберлејн.