Првите True Wireless Stereo (TWS) слушалки во светот, кои поддржуваат интелигентно динамично намалување на бучавата, сега можат да се купат во Сетек, Техномаркет и Анхоч, по цена од 9990 денари. Најновите слушалки нудат интегрирано хардверско и софтверско решение што го идентификува типот на амбиентален шум и пречки преку три профили – General, Cozy и Ultimate, за оптимално ниво на намалување на бучавата во моментот. Меѓу многуте иновации кај овој производ се вбројува и водечкиот рејтинг за намалување на бучавата од 40 dB и двојната врска со уредите базирани на Android, iOS и Windows.
Дизајн за убавина и удобност
Новите FreeBuds Pro се претставници на новата премиум аудио колекција на Huawei, која спојува стил, удобност и висока технологија. Дизајнот е минимален – нема премногу украси, само чисти елементи, од кои секој директно е поврзан со одредена функционалност на слушалките.
Тие се претставници на in-ear дизајнот и доаѓаат со 3 различни силиконски навлаки. Можете да откриете кои се најпогодни за вас со помош на Fit detection функцијата на Huawei AI Life. За слушалките да се уште подобри, лабораториите на Huawei анализираа податоци за анатомија на ушите на повеќе од 1.000 вистински корисници од целиот свет. Продолжувајќи кон крајниот дел на слушалките ќе видите стилски квадратен профил што го минимизира надворешниот шум. На него ќе најдете и минијатурни дупки, дел од специјалната технологија за заштита од нарушувања на звукот предизвикани од ветер – достигнување што ќе го цените при одење, трчање и возење велосипед. Долниот дел од слушалките служи и за практично вклучување на активното намалување на бучавата, прилагодување на силината на звукот, примање повици, пуштање или прескокнување на одредена песна од плејлистата што ја слушате – сѐ ова се базира на интуитивна контрола на гестови, со лизгање и допирање. Слушалките брзо се навикнуваат на корисникот и учат да го минимизираат ефектот и последиците на ненамерни допири.
Прво интелигентно динамично намалување на бучавата во светот
Како дел од колекцијата на аудио флегшипи на Huawei, FreeBuds Pro репродуцираат стерео звук од прва класа. Но, звучните пречки околу нас, особено кога сме во движење и користиме мобилен тип на безжични слушалки, може да бидат големи и комплексни. Затоа FreeBuds Pro вклучува софистицирани технологии за анализа и намалување на бучавата, прилагодени за да се постигне целосно, првокласно искуство со звукот.
За HUAWEI FreeBuds Pro, аудио инженерите користеа динамична врска помеѓу драјверот и звучникот. Оваа техника, слична на онаа што ја користат водечките производители на Hi-Fi опрема, го стабилизира целиот систем на звучници на слушалките, намалувајќи ги вибрациите за да се постигне јасен и чист звук. Новата Dynamic EQ Adjustment функција исто така придонесува за одличен звук – користи податоци од вградениот микрофон во увото за автоматски да го оптимизира звукот според увото на корисникот. HUAWEI FreeBuds Pro се првите TWS (True Wireless Stereo) слушалки со интелигентно динамично намалување на бучавата. Со надградба на претходните модели, намалувањето на бучавата достигнува 40dB[1], а самиот in-ear дизајн помага да се елиминираат пречките во звукот. Парот микрофони, лоцирани внатре и надвор од увото, брзо ја идентификуваат звучната средина, а како резултат на тоа слушалките автоматски се префрлаат на некој од 3те режими за намалување на бучавата – Ultra Mode, Cozy Mode и General Mode. Во зависност од тоа дали сте дома, на прошетка или во бучна средина, HUAWEI FreeBuds Pro интелигентно ја проценува околината и преминува во соодветен режим за намалување на бучавата. Кога е вклучено активното намалување на бучавата, батеријата трае до 4,5 часа, а кога е исклучено – дури до 7 часа без да ја користите кутијата за носење и полнење. Активното намалување на бучавата може лесно да се вклучи или исклучи со потчукнување на слушалката. Друга важна иновација на HUAWEI FreeBuds Pro е нивната двојна Bluetooth антена. Слушалките се опремени со две Bluetooth антени, што обезбедува покриеност од 360 степени на Bluetooth сигналот за совршено стабилна врска.
Двојно поврзување и други функции
И други функции доведуваат до комплетното задоволство од користење на HUAWEI FreeBuds Pro. Режимите Awareness и Voice[2] исто така користат пар микрофони за да им овозможат на корисниците да слушнат што им треба кога преминуваат улица или разговараат со некого. Двојната врска со Android, iOS и Windows оперативните системи ви овозможува лесно поврзување без да бидете врзани за одреден бренд или платформа.
Премиум аудио колекцијата што Huawei постепено ја нуди на нашиот пазар ги вклучува FreeBuds Pro, FreeBuds Studio, Sound X и паметните, аудио очила Huawei x Gentle Monster Eyewear II.
Huawei FreeBuds Pro се достапни во Сетек, Техномаркет и Анхоч, по препорачана цена од 9990 денари.
[1] Податоците се базираат на употреба на производот во лабораториите на Huawei. 40dB е максималното ниво на намалување на бучавата. Вистинскиот ефект може да зависи од големината на увото, советите што се користат, структурата на ушниот канал, положбата на носење, активноста на корисникот (џвакање, трчање, итн.).
[2] Корисниците можат да ја преземат апликацијата Huawei AI Life и да активираат Awareness Mode или Voice Mode. Корисниците на Huawei паметни телефони можат да ја преземат HUAWEI AI Life од HUAWEI App Gallery, а другите Android корисници можат да се повикаат на Упатството за корисници и да го скенираат QR-кодот. Апликацијата HUAWEI AI Life сѐ уште не е поддржана на iOS и Windows уреди.