Мирсад Пецо, кандидат на Странка за демократска акција (СДА) за градоначалник на Травник кој во неделата наутро почина од коронавирус, убедливо води на локалниte избори и освоил 8.220 гласа.
Како неофицијално се дознава, многу од мештаните на Травник, кои не планирале да излезат на гласање, слушајки ја лошата вест, се упатиле на избирачките места да гласаат за покојниот, за инаeт на неговиот противкандидат. Во Централната изборна комисија на БиХ не знаат како да се постават кон оваа ситуација. Членка на ЦИК рекле за федералните медиуми дека постои правна празнина во смисла на прецизно толкување во вакви ситуации, но и дека ЦИК ќе ги разгледа сите акти како би можеле да заземат конечен став.
Босанските опозициски партии победија на вчерашните локални избори во двата најголеми града и ги поразија долгогодишните владејачки националисти.
Во главниот град Сараево, Бошњачката партија за демократска акција на Бакир Изетбеговиќ го призна поразот откако изгуби градоначалници во три од четири општини што ги добија кандидатите на коалицијата на умерени партии.
Во Бања Лука, административен центар на Република Српска, опозициската Партија за демократски напредок ја доби функцијата градоначалник што претходно ја имаше партијата на Милорад Додик предводена од Српската алијанса на независни социјалдемократи.
Според Централната изборна комисија, половина од околу 3,3 милиони регистрирани гласачи излегоа да гласаат за градските и општинските совети и градоначалниците во двата автономни региона на Босна – Бошњачко-хрватската федерација и Република Српска – како и неутралниот округ Брчко.