Играчот за врска на холандската фудбалска репрезентација Џорџино Вајналдум ги сумираше впечатоците резултатите од натпреварот во Лигата на нации против Босна и Херцеговина (3:1).
Вајналдум беше стрелец на два гола и еден од најзаслужните за прекинот на серијата без победа на „лалињата”.
-Поминаа пет натпревари од последната наша победа, па затоа беше убаво да се победи повторно. Имавме можности да ја победиме Шпанија, но успеавме, па тоа беше малку вознемирувачко за нас. Го сторив она што се очекуваше од мене. Јас само си ја вршев својата работа, изјави Вајналдум.
Холандија по пет кола е втора на табелата во првата група од А-дивизијата во Лигата на нации. Холандија има 8 бода, зад лидерот Италија која собра 9. Полска е трета со 7, додека Босна и Херцеговина има 2.