Во саботата на голем протест во Вашингтон дошле илјадници приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп да протестираат против резултатите од изборите, за кои без докази тврдат дека биле украдени. Истото го тврди и Трамп, кој на „Твитер“ напиша дека тој всушност победил, а не Џо Бајден.
Во текот на денот, а особено како што паѓала ноќта, Вашингтон се претвори во бојно поле меѓу приврзаниците на Трамп со традиционални црвени капачиња со слоганот „Направи ја Америка повторно голема“ и милитантните левичари од движењата „Црните животи се важни“ и „Антифа“, традиционално облечени во црно.
All out brawl between Proud Boys and Antifa in the streets of DC. pic.twitter.com/dIp1aNfyGV
— Matthew Miller (@mattmiller757) November 15, 2020
Некои од тие судири беа групни судири, па дојде до масовна тепачка помеѓу крајната десна група „Горди момчиња“ и крајно левото движење „Антифа“. Покрај тупаници, биле користени стапови и палки, биле фрлани шишиња, пиротехнички средства и други проектили.
https://twitter.com/TomasMorales_iv/status/1327783474686808064
„Горди момчиња“ се милитантна група на која Трамп во првата дебата со Бајден, наместо да го осуди нивното насилство, им порача да се повлечат и да бидат подготвени, што многумина го толкуваа како подготвени да излезат на улица и да се справат со левичарите по изборите.
Покрај тоа, според „Вашингтон пост“, некои од нив на маиците имале слоган „Stand Back, Stand By“ .