Во Ријека, еден од најдобрите клубови во Хрватска се случува вистински корона хаос. Дури седум играчи се позитивни на Ковид-19, па затоа челниците на Ријека побарале од ХНЛ да се одложи претстојниот меч со Истра. Уште полошо за Ријека е тоа дека веќе следниот четврток оваа екипа треба да гостува во Неапол каде против Наполи ќе игра меч од Лигата на Европа.
Инаку во Ријека настапуваат Македонците Дарко Велковски и Милан Ристовски, но тие моментално не се во тој град. Првиот е со репрезентацијата а вториот е повреден и е дома во Скопје.