Езерото Турија од која вода пие Струмица и се наводнува цело поле, заради неспособноста на Заев е испразнето

Интегрален текст од изјава на Цветан Трипуновски

„Се наоѓаме пред езерото Турија и од ова езеро се наводнуваат земјоделските површини во целата Струмичката котлина, но и се снабдува Струмица со вода за пиење. Поради неспособноста на Заев и од ова езеро како сите останати акумулации ширум Република Македонија е доведено во знак прашање. Езерото Турија е доведено до степен на пресушување. Водата од езерото е намалена за повеќе од половина.Зоран Заев ја става под знак прашалник претстојната земјоделска сезона.

Езерото Турија е од есенцијална важност за целиот регион. Зоран Заев не смее да си поигрува со егзистенцијата на илјадници семејства кои што живеат од земјоделство и ги  прехрануваат своите семејства.Потребен е сериозен пристап со управување со водниот ресурс во Република Македонија.

Се што покажа власта е дека со аматеризам и трка за профит, при што страдаат граѓаните. Сите езера ги пресушија, само за да произведат повеќе струја во летниот период, кога таа е поевтина, а сега не можат да произведат струја и увезуваат поскапа струја. Едноставно кажано, двоен трошок.

Државата и граѓаните се систематски и трајно оштетени. Токму затоа го повикуваме Зоран Заев да не си игра со водниот фонд во Република Македонија и доколку не знае да управува со истиот, нека се советува со експертите кои што нашата држава ги има.

Треба да знаете
Последни објави