Заев во работна посета на Германија, ќе ја добие награда за човекови права за 2020 година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија, по повод доделување на награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт” (ФЕС).
Церемонијата која ќе започне, а ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот во 15:45 часот ќе може да се следи во живо преку каналите на социјални медиуми на премиерот Заев.
Покрај ова премиерот Заев, придружуван од министерот за надворешни работи – Бујар Османи, ќе има и работни средби со министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.
Треба да знаете
Последни објави