Израелските власти го критикуваа „Си-ен-ен“ затоа што познатата водителка Кристијанa Аманпур неодамна споредила одредени потези на Доналд Трамп со Кристалната ноќ.
Министерот за дијаспора Омер Јанкелевич испратил писмо до претседателот на „Си-ен-ен“, Џефри Закер, во кое бара од Аманпур веднаш јавно да се извини за неприфатливата споредба.
Јанкелевич изјавил дека тоа лажно изедначување помеѓу постапките на сегашниот претседател и злосторствата за време на погромот извршен од нацистите пред 82 години е намалување на огромната трагедија на холокаустот.
Израелскиот министер напиша дека Кристалната ноќ се смета за почеток на холокаустот и ја обвини Аманпур за минимизирање на единственото значење на тој настан споредувајќи го со администрацијата на Трамп, а со тоа само поттикнувајќи антисемитизам.