На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 753 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 612 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 141 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид -19 кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 753, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во внатрешноста, како што се посочува, има околу 130 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип, пак, е хоспитализиран 61 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 66 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 35 болни. Во болницата во Струмица лежат 70 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 20, Кавадарци 33, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.212.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави