Столтенберг разговараше со Милер, НАТО останува во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг разговараше со вршителот на должност министер за одбрана на САД, Кристофер Милер за подготвеноста на Алијансата да остане во Авганистан колку што е потребно, изјави денеска неговата портпаролка, во момент на шпекулации дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да нареди брзо повлекување на своите трупи од Авганистан.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску истакна дека Столтенберг разговарал со Милер за „агендата на Алијансата од 30 држави предводена од САД, вклучувајќи ја ситуацијата во Авганистан, и дека позицијата на НАТО не се сменила” во однос на нејзината безбедносна улога во таа земја.

– Ниту еден сојузник на НАТО не сака да остане подолго отколку што е потребно. Истовремено, сакаме да гарантираме дека Авганистан никогаш повеќе нема да биде сигурно засолниште за терористите кои можат да ги нападнат САД или некој друг сојузник во НАТО, нагласи Лунгеску.

Американците често сочинуваат најмалку половина од војниците кои учествуваат во мисијата, а во август биле околу 8.000. НАТО сојузниците и нивните партнери се потпираат на воздушните сили на САД, транспортот, логистиката и медицинската помош. Речиси е невозможно мисијата на НАТО да функционира доколку остане без американската помош.

Треба да знаете
Последни објави