Суарез: Не сум му неопходен на тимот на Барселона, штета што моите пријатели имаат проблеми

Напаѓачот на Атлетико, Луис Суарез изјави дека не смета дека му недостасува на неговиот поранешен тим Барселона оваа сезона. По осум кола, Каталонците се на осмото место на табелата во Ла Лига.

– Дали сметам дека на Барса и недостасувам? Не, тие имаат свој тактички план. Морав да прифатам дека не сметаа на мене. Секој може да донесе свои заклучоци. Жал ми е што моите пријатели се во неволја сега.

Не се чувствував непочитуван. Бев тажен и навреден од начинот на кој морав да ја напуштам Барселона. Но, горд сум што кога престанаа да ме бараат, најдов тим на кој сум му потребен, истакна Суарез.

Уругваецот во меѓусезоната беше информиран дека новиот тренер на каталонскиот клуб, Роналд Куман нема да смета на неговите услуги. 

Треба да знаете
Последни објави