Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Антони Фаучи, денеска го повика претседателот Доналд Трамп да почне со предавање на власта, за новоизбраниот претседател Џо Бајден да може да почне да се справува со кризата со коронавирусот во земјата, во која досега има над 11 милиони заразени лица и над 260.000 умрени од Ковид-19.
Фаучи кажа дека „непреченото пренесување на информации” е во интерес на заштитата на јавното здравје, јави Би-Би-Си.
-Тоа е како кога носите палка за време на трка, не сакате да застанете, рече Фаучи, додавајќи дека секако е подобро „ако можеме да почнеме да работиме со нив”.
Помошниците на новоизбраниот претседател Џо Бајден велат дека одбивањето на Белата куќа да ја дозволи претседателската транзиција значи дека неговиот тим е исклучен од планирањето на кампањата за вакцинација, што ќе биде приоритет за Бајден кога тој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.