ФИФА му плаќа на Ливерпул два милиони фунти поради повредата на Гомез

ФИФА ќе му исплати на Ливерпул два милиони фунти на име осигурување за Џо Гомез, по повредата што англискиот репрезентативец ја заработи за време на тренинзите на националниот тим, во пресрет на завршните натпревари од Лигата на Нации.

Центархалфот на Англија го повреди коленото на тренингот пред пријателската средба со Република Ирска (3-0), а процените се дека ќе го пропушти остатокот од сезоната. И фудбалерите на Англија се опфатени со програмата за заштита на клубовите на ФИФА, односно со пакетот за осигурување што им овозможува да добиваат пари како обесштетување во вакви случаи.

Заштитата ги опфаќа повредите на играчите на сите мечеви во сениорска конкуренција и тренинзите. Максималната сума што одреден клуб може да ја добие како покритие е 6,75 милиони фунти (7,5 милиони евра), кои покриваат 365 дена.

Треба да знаете
Последни објави