Министерката за образование, по низата информации за големиот број заболени вработени и деца, учесници во образовниот процес вели:
„Во јавноста е важно да не се шпекулира во овој период. 1000 заболени е нереално да се каже како бројка. Училиштата се места кадешто се почитуваат протоколите.280 е бројката на заразени вработени кои држат настава со физичко присуство, а на оние кои се дома се заболени 600 вработени, односно луѓе кои не учествуваат во обрзовниот процес.Што значи дека децата и вработените се безбедни во училиштата“, вели Царовска.
На новинарско прашање,во интервју за ТВ24 , кој контролира за тоа кој оди во изолација, по кој основ и дали ја контролирате таквата состојба, Царовска вели:
„Во овие случаи се издава решение. Директорот има обврска да потврдат дали е вистинита информацијата за изолација, но и покрај тоа наставата продолжува и од дома, иако се наставниците во изолација. “
Идентично, за оние кои немаат услови за следење на онлајн настава, Царовска вели, дека токму поради тоа постои опцијата децата да следат настава со физичко присуство. За тоа и како ќе се одвива оценувањето, Царовска посочи дека е изготвен план од Бирото за развој и доставен до образовните установи, со кој соодветно ќе се оценат учениците.