Почитувани, Alen Georgijev и Венко Филипче!
Со овој пост сакам да ве прозивам и двајцата и тоа како граѓанин на Општина Штип и претставник на моите сограѓани во Собранието на Република Македонија.
Објавата на ќерката на пациентка, која почина на Инфективното одделение во Штип, ве соголи и вас, и здравствениот систем до гола кожа. Иако со денови апелиравме и објавувавме дека во болницата има недостаток на боци со кислород, дека истите не се набавуваат навремено и дека пациентите умираат во страшна агонија и двајцата не презедовте никаква одговорност!
Дури Вие, Alen Georgijev, бесрамно обвинивте дека “ВМРОВЦИ” имаат вина во тоа! Треба да се засрамите што пациентите ги делите врз основа на партиска определба. Но нејсе, додека во болницата се пребројуваат мртви пациенти, нема да коментирам несериозни обвинувања!
Од друга страна пак, Вие Венко Филипче, сам треба да сте свесен дека за успешно менаџирање на болница не е потребен вонреден инспекциски надзор, туку совесна работа на раководниот кадар. Па затоа, не ми е јасно што ќе утврди истата денес во штипската болница…дали колку пати кревале сестрите и лекарите на позивот на болните пациенти или зошто воопшто пациентите треба да заѕвонат на мобилен, за да им се пружи потребната нега!?
И двајцата треба да се засрамите, затоа што бројките во Штип растат со неверојатна брзина, болничките кревети се намалуваат, некролози гледаме на секој чекор, а вие обвинувате и праќате инспекција да ја решите оваа здравствено вонредна состојба!
И двајцата треба да понесете одговорност затоа што сѐ уште ја нема монтажната болница која ќе заштедеше илјадници евра на недолжни граѓани, кои поради вашата негрижа и неспособност бараа спас во приватното здравство!
И за крај, и двајцата треба да си поднесете ОСТАВКА од морални причини, затоа што и двајцата сте доктори, но и за двајцата, под рака со кандидатот за градоначалик Sasko Nikolov, очигледно во моментов најважни ви се изборите, а не граѓаните на нашиот Штип!