Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски смета дека бугарското вето ќе биде континуитет на катастрофалните политики на Бугарија од периодот кога за официјален јазик тие ја утврдиле северноисточната норма на бугарскиот јазик.
-Од времето кога за официјален јазик ја утврдија северноисточната норма на бугарскиот јазик па до денес секоја генерација на бугарски политичари успева да ја донесе најпогрешна одлука во поглед на Македонија. Ветото само ќе биде континуитет на таквата катастрофална политика, напиша Георгиевски на Фејсбук.



