Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска поднесе предлог за дополнувања на собранискиот Деловник, по скратена постапка.
– Имајќи ја во предвид новонастанатата состојба предизвикана од корона вирусот COVID-19, поаѓајќи од уставно загарантираната функција на Собранието на Република Северна Македонија како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката, кој својата организација и функционирање ги уредува во согласност со Уставот и Деловникот, потребно е одредбите од Деловникот на Собранието да се усогласат спрема новонастанатата здравствена состојба, соопшти собраниската прес-служба.
Предложените измени, посочуваат, се токму во насока на постигнување на таа цел односно, непречено работење на Собранието со овозможување на далечинска односно електронска работа на пратениците со електронско присуство на седниците на Собранието и работните тела, а во исто време овозможување на остварување на претставничката функција,