Македонскиот фудбалер, Енис Барди поради повреда на грбот ги пропушти натпреварите на репрезентацијата, информациите од Шпанија велат дека повредата е сериозна.
На Барди вчера му биле направени детални тестови по кои е утврдено дека има дискус хернија. Повредата може да се третира на повеќе начини, а најтешкиот е операција.
Во наредните денови од клубот ќе ја следат состојбата на Барди по што докторите ќе одлучат на кој начин ќе се лекува нашиот фудбалер.
Тој ќе ги пропушти наредните натпрвари на Леванте, се очекува пауза од неколку неделни, но колку ќе отсуствува точно ќе се знае откако ќе биде прецизирано како ќе ја лекува повредата.