Уште не е официјализирана, а Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со спотови и песни ја слават потенцијалната блокада од Бугарија за Северна Македонија за ЕУ преговорите, се вели во соопштението од владеачката СДСМ како реакција на изнесени ставови на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Типично груевистички, не направија ниту еден чекор напред за европската интеграција на земјава, само кочат.
Така се однесуваа и кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и цврсто се поставија на погрешната страна од државните и национални интереси.
ВМРО-ДПМНЕ и губитиникот Мицкоски треба да знаат: Со НАТО не ви успеаја блокадите и деструкцијата, нема да ви успеат ниту со ЕУ. Македонскиот народ е голем и во мака и во радост, ќе излеземе уште поголеми од овој тежок момент, на кој ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се радуваат.
Ниедна блокада, ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат европската иднина на Северна Македонија и нејзините граѓани.