Мохамед Салах е позитивен на Ковид-19. Тоа дојде како сол на рана на сите во клубот од „Енфилд“ ако се знае Јирген Клоп со какви проблеми со соочува.
Но најновата вест која доаѓа од Египет просто ќе ги разгневи сите во редовите на “редси“, а посебно самиот Клоп.
Имено одличниот напаѓач „закачил“ корона и тоа на свадбата од својот брат. Таму имало најмалку 800 гости и сите се поздравиле и се гушнеле со славниот фудбалер, ете затоа Салах сега е во изолација и не може да им помогне на својата репрезентација и на својот клуб.
Од Ливерпул секако дека Салах не добил дозвола, во ова време на Ковид-19, да присуствува на семејни веселби, веројатно ќе биде доста интересно кога тој ќе се врати во Ливерпул.