Најстариот син на премиерот Еди Рама, Грегори (Грег) Рама сподели со своите следбеници на социјалните мрежи дека ја добил битката со новиот коронавирус, по повеќедневен болнички третман.
Грегори на Инстаграм им се заблагодари на лекарите и на медицинските сестри во болницата „Шефќет Ндроќи” за укажаната грижа, наведувајќи дека тој го продолжил третманот дома.
– Огромно благодарам и почит кон лекарите и медицинските сестри кои се грижеа за мене. Се чувствувам должен јавно тоа да го кажам, зашто навистина работат под невиден стрес и го слушаат она што не се принудени да го слушаат. За среќа по направените тестови во болницата и третманот што го добивам дома се чувствувам многу подобро и физички и психички, напиша Грегори.
„Требаше ова да се случи”, наведува Грегори понатаму, „за уште повеќе да се зголеми почитта и доверба во оние кои секој час и минута се на првата линија во оваа војна”.
Тој на крај посакува брзо закрепнување на сите оние кои се соочуваат со овој невдлив непријател.
Грегори е син на Рама од првиот брак, во вториот го има синот Захо.