Кошаркарите на ТФТ како домаќини забележаа убедлива победа против Кожув од 83-62 во рамки на првиот натпревар од 5.коло во Првата лига. Тимот од скопската населба Тафталиџе одигра ефиксана втора четвртина во која за 10 минути постигна дури 36 поени, и на пауза замина со предност од 21 кош. Во третата четвртина гостите за момент се вратија и резултатски се доближија 62-54, но не за долго, бидејќи домаќинот повторно зеде се под свое и славеше со 83-62.
Во таборот на ТФТ најефикасни беа Американците, Амир Смит, Лахлан Андерсон и Тајрон Херис, кои постигнаа по 23 поени. Интересно е тоа што во статистиката се запишаа само уште двајца кошаркари, Андреј Митревски постигна 11, додека Иван Сапунџиев имаше три поени. Антоан Максвел со 17 поени беше најдобар кај Кожув.